100% БИОРАЗГРАДЛИВИ ЗА 90 ДЕНА, ЕКОЛОШКИ, ПРИРОДНО АНТИБАКТЕРИСКИ - ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНИ * НЕБЕЛЕНИ*ИНОВАТИВНА ФОРМУЛА - 99% ВОДА* БЕЗ: ПАРАБЕН, АЛКОХОЛ, СИЛИКОН И ВЕШТАЧКИ БОИ. Искористените шамивчиња -фрлајте ги на соодветно место- компостиран материјал-биоразградлив
Зошто бамбус?
Можеби е тешко да се поверува, но според „Ботаникс“, бамбусот е всушност еден вид трева, а не дрво. Семејството бамбус (Poaceae) опфаќа над 50 родови и 1000 видови. Бамбусите се обично брзорастечки едногодишни растенија дистрибуирани во тропски и суптропски региони. Тие се силно концентрирани во Источна и Југоисточна Азија, но сепак можете да најдете бамбуси кои растат скоро на било кое место во светот, вклучително и на Хималаите. Тоа е најбрзо растечко растение на Земјата, држејќи рекорд од 120 см за 24 часа и неговиот најголем вид може да достигне висина од 40 метри.
Што е и прилично многу за парче трева, нели?
Факти за бамбусот:
Бамбусот е растение со најбрз раст на Земјата;
30% повеќе кислород се ослободува во атмосферата од бамбус во споредба со другите растенија;
Одличен, одржлив ресурс. И по сечењето на растението, стеблата продолжуваат да растат директно од корените нагоре, но и надолу;
Бамбусите ја спречуваат ерозијата на почвата - повторно поради нивниот густ, длабок коренест систем што продолжува да расте и по сечењето на стеблото;
За бамбусите не се потребни посебни услови, хемикалии или пестициди за да растат брзо - сите потребни хранливи материи се обезбедуваат од лисјата на растението;
Бамбусот е толку силен, што се користи во градежништвото. Бамбусот е всушност посилен од челик
Употреба:
При употреба-преработка на бамбус, всушност нема отпад, бидејќи секој дел, наоѓа своја примена.
Бамбусови влакна:
Бамбусот е антибактериски производ, благодарение на неговиот природен био агент (Бамбус Кун) кој ефикасно елиминира над 70% од бактериите што го напаѓаат растението.
Бамбусовите влакна наоѓаат широка примена, заради нивните: апсорбирачки и мирисни квалитети, како и способноста да “дишат” – токму затоа денеска се многу популарни производите изработени од бамбусови влакна, како: чорапи, чаршави, кошули и влошки за чевли......
Јаглен од бамбус - ги елиминира органските нечистотии и мириси; прочистува вода, отстранувајќи го остатокот од хлор и хлориди.
Веќе треба да бидеме убедени дека бамбусот е навистина извонреден ресурс, но колку е всушност еколошки бамбусовиот текстил?
Бамбусовото влакно е материјал со непобитни квалитети и теоретски претставува еколошка алтернатива на синтетичките влакна, бидејќи: доаѓа од одржлив извор, антибактериски е, дише, има апсорбирачка моќ, дезодорирачки е.
Козметика:
Екстрактите од стеблото и од листовите од бамбус се исклучително многу користени во козметичката индустрија, особено за производи за кожа и коса. Ја подобрува текстурата, ја храни и зајакнува и кожата и косата; и помага на клетките на кожата брзо да се регенерираат. Ја намалува иритацијата на кожата, помага во контролата на автоимуните состојби на кожата како егзема и псоријаза; интензивно ги хидратира кожата и косата, длабински го чисти скалпот, како и фоликулите на косата.
Дали бамбусовите производи се биоразградливи?
Накратко ДА, тие се биоразградливи. Со уште неколку зборови - со оглед на вистинските услови за компостирање, потребно е околу 1 год. да се разградат бамбусовите производи. И покрај тоа што е потребна одредена обработка за бамбусот за да дојде до полиците како краен производ, сепак може да се смета за еколошки. Најголемата предност е што бамбусовите производи и текстилот се биоразградливи.
Бамбус и екологија:
Засадувањето на бамбусови шуми може да биде одржлива опција за борба против уништувањето на шумите ширум светот. Ние се соочуваме со предизвикот на загаден воздух во големите градови, без разлика дали тоа се должи на моторите на автомобилите, производствените капацитети или само заради тоа што луѓето користат дрва и јаглен за греење, поради недостаток на други опции. Засадувањето бамбус во градовите, особено помеѓу и околу уличните ленти, драстично би го подобрил квалитетот на воздухот што го дишеме.
Во врска со уништувањето на шумите и зголемувањето на бројот на пустини што се создаваат, тоа може да се надмине со засадување бамбусовии шуми кои растат густи за многу кратко време. Бамбусот расте брзо (околу 4 години од садење до почетна жетва) во разновидни климатски услови и се шири самостојно поради својот масивен корен систем. Бамбусовите шуми се обично многу густи бидејќи коренскиот систем на растението расте повеќе во длабина отколку во ширина. И, доколку мислите дека недостаток на голема круна на бамбусот, значи помалку ослободување кислород, не сте во право - бамбусот би испуштил околу 30% повеќе кислород во атмосферата во споредба со кое било друго растение на Земјата, дури и дождовните шуми на Амазон! Ова всушност, е се почесто, многу дискутирана опција за борба против ефектот на стаклена градина.
Последно, но не и најмалку важно - избегнувајте да купувате повеќе отколку што навистина ви треба. Намалувањето на нивото на отпад и прекумерната потрошувачка треба да бидат наш главен приоритет.
Ако отпадот е неизбежен, бидете одговорни! Рециклирајте!
Ingredients:
Water 99%
Aloe Barbadensis Leaf extract 0.2%
Orange flower extract 0.1%
Tocopheryl acetate 0.03%
Pelargonium Graveolens flower oil 0.03%
Sodium Benzoate 0.3%
Sodium Citrate 0.01%
Silver Citrate 0.01%
Citric Acid 0.02%
Glycerin 0.3%,
Glyceryl Caprylate 0.2%